Беспилотни летала/фото: Tyler Woodward

ВИДЕО | Голем напад со дронови врз Москва, привремено е затворен аеродромот „Шереметјево“

Москва вечерва беше нападната од украински дронови, а според првичните информации, погодени се цели во градското подрачје и во предградијата на рускиот главен град. Градоначалникот Сергеј Собјанин објави дека силите за воздушна одбрана собориле вкупно девет дронови, а подоцна уште два.

Жителите на поширокиот Московски регион го слушнале експлозиите на периферијата на градот, а според првичните информации што ги објавија медиумите, нема повредени ниту поголема материјална штета.

Москва годинава повеќепати беше цел на украински напади со дронови.

Исто така, откажани се повеќе од 35 летови на московските аеродроми Шереметјево, Домодедово и Внуково во вечерните часови поради напади од украински беспилотни летала. Работата на аеродромот Шереметјево беше привремено суспендирана.

„До 20:19 часот по московско време, 21 лет беа одложени, а еден откажан во Шереметјево. Девет одложувања и две откажувања беа регистрирани во Домодедово, а четири лета беа одложени во Внуково“, јавуваат руските медиуми.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледаат патнички авиони како летаат ниско над зградите во Москва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот