
ВИДЕО | Годинaшната Мис Јапонија е Украинка: Натпреварот предизвика бурни реакции
Годинашната Мис Јапонија, Каролина Шино, стана тема во медиумите, не само поради нејзината убавина, туку и поради нејзиното потекло.
Препорачано
Манекенката која е родена во Украина пред 26 години, на петгодишна возраст се преселила во Јапонија и пораснала во Нагоја. Таа е првата натурализирана јапонска државјанка која победила на натпреварот, но нејзината победа повторно ја разгоре дебатата за тоа што значи да се биде Јапонец, пишува „Би-би-си“.
„Имаше расни предрасуди и бариери и беше предизвик да бидам прифатена како Јапонка“, изјави расплаканата Каролина Шино на беспрекорен јапонски јазик откако во понеделникот беше крунисана за Мис Јапонија.
Додека некои ја препознаа нејзината победа како „одраз на времето“, други рекоа дека таа не изгледа како што треба да изгледа „Мис Јапонија“. Многумина на социјалните мрежи го критикуваа изборот на Каролина Шино за Мис Јапонија бидејќи нејзините родители не се Јапонци.
„Девојката која беше избрана за Мис Јапонија нема ни јапонска крв, туку е 100 отсто Украинка. Таа е убава, но ова беше натпреварот за Мис на Јапонија. Што е тука јапонско?“; „Да беше барем половина [Јапонка], немаше да има проблем. Но, таа нема никаква врска со Јапонија, таа не е ни родена во Јапонија“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.
Има и такви кои пишаа дека нејзината победа испратила „погрешна порака“. Други се прашуваа дали изборот на девојче родено во Украина е политичка одлука.
Аи Вада, организаторот на изборот за Мис Јапонија, вели дека натпреварот „ни даде можност да размислиме што е јапонска убавина“.
„Во едно сум убедена – јапонската убавина не е во изгледот, во крвта, туку постои цврсто во нашето срце“, додаде таа.
Carolina Shiino, a naturalized Japanese citizen who was born in Ukraine and has lived in Japan since she was 5 years old, won the 56th annual Miss Japan pageant yesterday. pic.twitter.com/a6UIAEsOvc
— Jeffrey J. Hall ???? (@mrjeffu) January 23, 2024
ФОТО | Воена пилотка стана Мис Америка: „Жените можат да постигнат сѐ!“