Фото: Принтскрин/ Икс/ The Washington Post

ВИДЕО | Го шетал кучето во шума и налетал на џиновска коска од диносаурус: Две години криел спектакуларно откритие

Демиен Бошето го шетал своето куче Мафин кога наишол на огромна коска во шумата во Монтулие, на неколку километри од неговиот дом во Кризис, јужна Франција. Се испоставило дека тоа е карличната коска на Титаносаурус, еден од најголемите диносауруси што оделе по Земјата. Меѓутоа, Боскето, инаку аматер палеонтолог, молчел за ова откритие речиси две години.

Според „Вашингтон пост“, има повеќе од 30 различни титаносауруси, од кои најголемиот тежел 70 тони и бил долг 25 метри.

– Ова не е првпат да пронајдам коски од диносаурус. Но, секојпат чувствувам возбуда кога откривам нови коски – рекол Боскето за „Вашингтон пост“.

Фосилите на титаносаурусите не се вообичаени во Европа, што го прави ова откритие посебно. Особено што не е откриена само една коска. Ископан е скелет кој е речиси 70 отсто завршен, а повеќето од коските сè уште се споени.

– Ова е исклучително ретко и несекојдневно откритие за Франција и Европа. На денот кога видовме дека се работи за речиси комплетен скелет, возбудата беше на највисоко ниво – изјави Боскето.

Тој и членовите на Археолошкото и палеонтолошкото културно здружение при музејот Кризија работеле во тајност на местото на откритието. Според извештаите, секогаш биле придружувани од кучето Мафин.

Кога станува збор за титаносаурусите, овој скелет е меѓу најмалите. Долг е околу 10 метри. Врз основа на седиментите, заклучено е дека живеел пред околу 70 милиони години, во периодот на доцниот креда.

– Демиен Боскето значително придонесе за нашата палеонтолошка колекција, која е важна за нашата иднина. Овие откритија се интересни од научна гледна точка бидејќи помагаат во разбирањето на видовите и екосистемите во периодот на креда – вели директорот на музејот Кризија во изјавата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот