Фото: EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

ВИДЕО: Ѓоковиќ пред очите на Меси го прегази Димитров за финале во Мајами!

Новак Ѓоковиќ одигра уште еден одличен меч и со 2-0 во сетови го совлада Бугаринот Григор Димитров за пласман во финалето на турнирот во Мајами каде што ќе се обиде да дојде до својата 100-та АТП титула во кариерата.

Димитров добро влезе во мечот и уште во првиот гем го освои сетот на Новак, но српскиот ас експресно возврати и израмни на 1-1 веќе во следниот гем.

Димитров се држеше до шестиот гем кога по вторпат го изгуби својот сервис, за водство на Ѓоковиќ од 4-2. Во следните два гема Ѓоковиќ само ја потврди добрата игра за о 6-2 да дојде до предност од 1-0 во сетови.

Продолжи каде што застана Ѓокови и во вториот сет поведувајќи со 3-0 по што без проблеми го приведе мечот кон крајот освојувајќи го сетот со 6-3. Противник на Ѓоковиќ во финалето ќе биде победникот од второто полуфинале помеѓу Фриц и Менсик.

Денешниот меч на Ѓоковиќ од трибините во Мајами го следеше и фудбалската ѕвезда Лионел Меси, а Новак по мечот истакна дека ова е првпат Аргентинецот да гледа негов натпревар во живо.

Навивач го прекина мечот помеѓу Ѓоковиќ и Димитров, реагираше обезбедувањето

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот