
ВИДЕО | Ѓоковиќ повраќаше од напор, а Синер се повлече поради грчеви на неподносливата шангајска жештина
Високата влажност од 80 дури до 95 проценти за време на Мастерс-турнирот во Шангај тешко ја поднесуваат дури и најдобрите и најподготвените светски тенисери. Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласира во осминафиналето, но против Германецот Јаник Ханфман славеше во три сета. Уште во првото коло освојувачот на рекордни 24 гренд-слем турнири се жалеше на непосдносливата шангајска жештина, но видеото кое беше објавено на социјалните мрежи најдобро ја доловува неговата психофизичка состојба за време на мечот.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Во еден момент, Ѓоковиќ поврати на теренот, детаљ што не беше прикажан за време на телевизискиот пренос. Сепак, и покрај големите проблеми, Ѓоковиќ успеа да го сврти натпреварот во своја корист по првиот загубен сет. Во осминафиналето ќе се соочи со нов предизвик против Шпанецот Хауме Мунар.
Djokovic a vomi plusieurs fois durant son match face à Hanfmann
Fou qu'il ait gagné en 3 sets malgré ça
TOUT va bien à Shanghai 🙃 pic.twitter.com/487tOZ5iQh
— TennisTemple (@tennistemple) October 5, 2025
Дури и светскиот тениски број 1 во моментов, Јаник Синер, се повлече во третиот сет од натпреварот против Талон Хрикспoр од Холандија (1:1 во сетови, 2:3 во гемови) поради грчеви. Според последните информации, не станува збор за повреда. Грчевите се последица на дехидратација на телото, односно изгубените течности.
Преземено од Спорт.ком.мк