
ВИДЕО: Ѓоковиќ ја однесе Србија на завршниот турнир во Малага
Тениската репрезентација на Србија денеска се пласираше на завршниот турнир во Дејвис купот, откако најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во два сета го совлада Алехандро Давидович Фокина и го донесе вториот бод за Србија, како и победата во мечот против Шпанија.
Препорачано
Во првиот меч од овој дуел, претходно во сингл конкуренцијата Ласло Ѓере го победи Алберто Рамос со 2:0.
Покрај Србија, од истата група меѓу осумте најдобри се пласираше и Чешка, со која Србија ќе се сретне во последното коло во меч без резултатско значење.
На вечерашниот меч Ѓоковиќ победи со 2:0 во сетови 6:3, 6:4 по еден час и 49 минути игра.
Во осмиот гем од првиот сет Ѓоковиќ му го одзеде сервисот на противникот, а во следниот гем ја искористи втората сет топка при сервис.
Во вториот сет прв до брејк стигна Давидович Фокина во четвртиот гем, а Ѓоковиќ со врзани брејкови во седмиот и деветиот гем оствари пресврт и обезбеди победа.
Завршниот турнир во Дејвис купот натпреварување ќе се игра во Малага, од 21 до 26 ноември 2023 година.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
25мин
-
36мин
-
46мин
-
1час
-
11час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5