фото: EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO

ВИДЕО: Ѓоковиќ имаше неверојатна сезона, еве ги неговите Топ 5 потези во 2023 година

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ одигра уште една одлична сезона во кариерата, ја завршува годината на првото место на АТП листата.

Еуроспорт“ направи компилација од неговите пет најдобри потези во скоро завршената сезона 2023.

За најдобар потег беше прогласен оној од полуфиналето на грен слем турнирот „Ролан Гарос“ против Карлос Алкараз.

На тој меч Србинот стигна кратка топка на младиот Шпанец, а потоа на мрежа го спречи да поентира.

Сезонава Ѓоковиќ по седми пат го освои Завршниот мастерс, дојде до рекордни 24 грен слем титули и 40 мастерс пехари.

Потсетување дека првиот светски рекет го очекува настап на „Јунајтед купот“ со Србија од 29 декември до 7 јануари, а претхоно ќе има и егзбициски меч против Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот