
ВИДЕО | Гитаристот на „Квин“, Брајан Меј, доживеа мозочен удар
Легендарниот гитарист на „Квин“, Брајан Меј, откри дека доживеал мозочен удар поради кој привремено не можел да користи една од рацете.
Препорачано
Музичарот (77) пред неколку часа се огласи на социјалните мрежи за да ја сподели веста со своите обожаватели, уверувајќи ги дека сè уште може да свири гитара и покрај „малиот здравствен проблем“, пишува „Њујорк пост“.
„Се надевам дека сите сте добро. Јас сум тука да ви донесам пред сѐ добри вести. Мислам дека е добра вест тоа што можам да свирам гитара по настаните во последните неколку дена, а ова го кажувам затоа што бев во сомнеж, затоа што тој мал здравствен проблем што го спомнав се случи пред една недела. Како што го нарекоа, беше мал мозочен удар и одеднаш како од ведро небо немав контрола врз оваа рака, па морам да кажам дека беше малку страшно. Имав фантастична грижа и внимание од болницата „Фримли“, каде што ме донесоа со трепкачките сини светла. Многу возбудливо. Значи добрата вест е дека сум добро. Го правам само она што ми е кажано, што во основа е ништо. Казнет сум, не смеам да излезам, па, не смеам да возам, не смеам да се качам во авион, не смее да ми се крева пулсот“, изјави Меј.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
4мин
-
34мин
-
50мин
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5