фото: EPA/TOMS KALNINS

ВИДЕО | Германија чекаше 20 години за ново финале на Евробаскет

Денеска во првото полуфинале на Европското првенство во кошарка, во летонскиот град Рига репрезентацијата на Германија и воедно актуелен светски шампион, го совлада досега најпријатното изненадување на шампионатот, Летонија, со резултат 98:86.

На денешниот дуел во победничките редови Шредер беше најефикасен со 26 поени и 12 асистенции, следен од Вагнер со 22 поени.

На спротивната страна Нкамуа реализираше 21 поен (девет скокови), додека Марканен запиша 16 поени и осум скокови.

Германците после 20 години успеаја повторно да обезбедат ново финале на континенталните првенства. Последен пат се бореа за златниот медал на ЕП 2005 кога во финалниот меч загубија од Грција со 78:62.

Тоа ќе биде инаку трето финале за Германија во својата историја на Евробаскет, претходно ја освои досега единствената титула на ЕП 1993 кога триумфираше над Русија (71:70).

Противник на Германија во финалето на Евробаскет 2025 ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел во кој играат селекциите на Турција и Грција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот