фото/принтскрин/twitter.com/fmishov

ВИДЕО: Фудбалерите на Вардар шампионски пречекани на плоштадот во Скопје

После две години играње во Втората македонска фудбалска лига, играчите на Вардар од следната сезона се враќаат во ПМФЛ, откако во бараж натпреварот кој се одигра во Кавадарци со убедливи 3:0 го победи тимот на Скопје.

Победата за Вардар ја обезбедија Размоски кој запиша два гола, а еден имаше Глишиќ.

Како што и беше најавено по завршувањето на мечот во Кавадарци, фудбалерите на тренерот Бобан Грнчаров со панорамски автобус, следени од црвено – црниот караван, пристигнаа на Плоштадот во Скопје.

Многубројни навивачи на најтрофејниот клуб во Македонија ги пречекаа своите херои да го прослават враќањето во фудбалската елита.

На видео записот погледнете како беа пречекани фудбалерите на Вардар во главниот град:

видео извор: Твитер/Филип Мишов

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот