Фото: Screenshot

ВИДЕО: Фудбалер на Тотенхем се сруши на теренот во натпреварот против Ливерпул

Фудбалерите на Тотенхем и Ливерпул го играат полуфиналето во англискиот Лига Куп, а вознемирувачка сцена беше видена на почетокот на натпреварот.

Уругваецот од редовите на Тотенхем, Родриго Бентанкур се сруши на теренот во почетните минути од средбата.

Набрзо по оваа ситуација Бентанкур мораше да биде заменет, а на негово место во игра влезе Џонсон. За среќа, Тотенхем набрзо потврди дека Бентакур е свесен и веројатно нема да има дополнителни последници.

Повеќе детали околу тоа што точно се случило се очекуваа во наредниот период по направените детални прегледи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот