ВИДЕО: Фудбалер на Тетекс постигна гол од 40 метри

Екипата на Тетекс по пауза од подолго време се врати на Градскиот стадион во Тетово и тоа на најдобар начин и денеска против Слога Виница славеше победа со 4-0.

„Штофарите“ досега имаа само еден триумф сезонава,  оној во второто коло против Детонит, но денеска покажаа далеку подобро лице. Отпорот на гостите беше скршен по нешто повеќе од еден час игра, и тоа со вистински еврол гол.

Во 65. минута, Меритон Салији се реши на удар од далечина од цели 40 метри  и го искористи лошото поставување на голманот за да ја затресе мрежата и да донесе водство. Точка на натпреварот стави Даути во петтата минута од судиското продолжение, за запечатен триумф и нови три бода на сметката на Тетекс.

Со оваа победа, тетовци сега се искачија на деветтата позиција на табелата со вкупно шест освоени бода и најавија подобри денови пред својата публика.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот