ВИДЕО | Фудбалер на Барселона на улица се расправаше со момче кое го навредувало

Фото: Screenshot

Дефанзивецот на Барселона по еден од последните тренинзи на тимот влегол во жестока расправија со едно од момчињата кои го снимале и му довикувале нешто.

Мартинез го налутило тоа што неколку пати момчињата дофрлирле „будала“ и го навредувале.

„Ова е последен пат кога ме нарекуваш будала, разбираш? Последен пат. Не биди арогантен, ова е последен пат. За тебе и твојот пријател“, бесно им возврати дефанзивецот.

Инаку на теренот, Мартинез во последно време го загуби стартното место од Пау Кубарси и не игра на очекуваното ниво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот