epa12351689 Isaia Cordinier (R) of France and Tryggvi Hlinason (L) of Iceland in action during the FIBA EuroBasket 2025 group D basketball match between France and Iceland, in Katowice, Poland, 04 September 2025. EPA/LUKASZ GAGULSKI POLAND OUT

ВИДЕО | Франција го декласираше Исланд со 40 коша разлика на Евробаскет

Француската кошаркарска репрезентација денеска го победи Исланд со 114:74 во последното, петто коло од групата Д на Европското првенство во Катовице.

Најефикасен играч за француската репрезентација беше Закари Ризашер со 15 поени, додека Ели Окобо додаде 14. Најдобар играч за исландската репрезентација беше Мартин Хермансон со 15 поени.

Франција го заврши натпреварувањето во групната фаза со четири победи и еден пораз, додека Исланд претрпе пет максимални порази.

Конечниот пласман во групата Д ќе биде познат по завршувањето на преостанатите два натпревари од петтото коло. Израел и Словенија ќе играат од 17.00 часот, додека Полска и Белгија ќе се сретнат од 20.30 часот.

Моментален пласман во групата Д: Франција 4-1, Израел 3-1, Полска 3-1, Словенија 2-2, Белгија 1-3, Исланд 0-5.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!