
ВИДЕО | Финска ја совлада Грузија за прво историско полуфинале на Евробаскет
Денеска во третиот четвртфинален натпревар на Европското првенство во кошарка, репрезентацијата на Финска со резултат 93:79 ја совлада Грузија. Така, Финците за прв пат во нивната историја ќе играат во полуфиналето на Евробаскет.
Препорачано
Грузиската селекција предводена од српскиот стратег Александар Џикиќ беше во негатива во текот на целиот меч, а до крајот на првото полувреме заостануваше 20 коша разлика. Потоа успеа да се врати во последната четвртина, но не и да дојде до победата.
LAURI PLAYING LIKE AN MVP 🇫🇮#EuroBasket | #MakeYourMark pic.twitter.com/QtjaH6BK7E
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 10, 2025
Од претходно споменатите „минус 20“ негатива (57:37), до почетокот на решавачкиот период разликата се намали на само шест поени (73:67). Но, Грузијците немаа сили за целосен пресврт. Скромниот настап во средината на последната четвртина ги згасна последните надежи на тимот на Џикиќ, а со серија од 8:0 Финска го скрши отпорот на Грузијците, кои ја платија цената со (премногу) очајната игра на Камар Болдвин. Херојот во победата над Франција имаше ужасен ден и го заврши натпреварот со само два поени, со сите промашувања од играта – 0/8.
Иако Финска ги имаше конците во свои раце, конечниот резултат, може да се каже, беше под влијание и на техничката грешка на Гога Битадзе во втората половина од последната четвртина. Грузискиот центар (14 поени) го изгуби трпението, а кога Финска повторно се одвои на +10 (84:74), дефинитивно немаше враќање назад за Грузијците.
CLUTCH VALTONEN DOES IT AGAIN 🇫🇮😱
Elias Valtonen has made six shots from 3P range in this EuroBasket, with four of those being scored in the 4th quarter 🔥#EuroBasket pic.twitter.com/AlXQDFU7kH
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 10, 2025
Прв стрелец во победничките редови беше Микаел Јантунен со 19 поени (пет скокови), следен од Лаури Марканен со 17 поени (шест скокови).
На спротивната страна како најефикасен се истакна Александер Мамукелашвили со 22 поени (по четири скокови и асистенции), додека Дуда Санадзе запиша 19 поени и пет скокови.
Во полуфиналето Финска ќе игра со победникот од четвртфиналниот дуел меѓу Германија и Словенија. Во вториот полуфинален меч се среќаваат репрезентациите на Турција и Грција.
FIRST TIME IN HISTORY FOR SUOMI! 🇫🇮
FINLAND HEADING TO THE EUROBASKET SEMI-FINALS! pic.twitter.com/KZFkm3Mr21
— FIBA EuroBasket (@EuroBasket) September 10, 2025