Том Хенкс во „Сатрдеј најт лајв“ / Фото: NBC / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ВИДЕО | Фановите повторно стравуваат за здравјето на Том Хенкс: „Му се тресат рацете, јас сум загрижен!“

Настапот на актерот Том Хенкс на „Сатрдеј најт лајв“ овој викенд ги загрижи фановите. Гледачите го забележале ракувањето на ѕвездата, па решиле да ги споделат своите мислења на социјалните мрежи.

„Дали му се тресе раката на Том Хенкс?“, „И јас го забележав тоа! И сега сум загрижен“, „Тој претходно беше и во шоуто на Греам Нортон и таму го забележав…“, пренесува „Дејли мејл“ некои од реакции на корисниците на социјалните мрежи мрежа.

Ова не е првпат фановите да бидат загрижени за растреперените раце на актерот. Во 2022 година, д-р Стјуарт Фишер рече дека тоа може да биде ран знак за Паркинсонова болест.

„Паркинсовата болест би била на првото место во главите на повеќето лечници. Оваа растреперена рака би можела да биде ран знак на болеста. Би можеле да поминат недели, месеци или години пред да почне да напреднува болеста. Тоа би можело да биде како кај славниот диригент Џејмс Левин, каде беа потребни многу години за да се развие треморот во нозете во телесна манифестација“, рече тој и продолжи:

„Друга состојба што може да биде е суштински тремор, но ова обично се случува на помлада возраст – иако може да се влоши од анксиозност и стрес. Обично ги погодува луѓето во нивните 20-ти и 30-ти години“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот