
ВИДЕО – Евробаскет 2025: Серџо Скарило и Шпанија, љубовна приказна со тажен крај
Скариоло како селектор на Шпанија забележа многу успеси, но на Евробаскетот 2025 неговиот тим беше елиминиран уште во групната фаза, со што заврши и неговиот ангажман како стратег на трофејниот тим
Се уште актуелниот европски првак Шпанија неславно го заврши настапот на Евробаскетот 2025 уште во групната фаза. По поразот од Грција во последното коло од групната фаза, четата на Серџо Скариоло (64) не се пласира ни во осминафиналето.
Препорачано
Со тоа и познатиот стучњак неславно со пораз го заврши својот ангажман на чело на Шпанија. Судбината беше сурова кон него на овој начин да се прости, по 15 години минати на чело на шпанскиот тим и исполнети со успеси.
– Секоја љубовна приказна мора да заврши. Ова е како кога брачна двојка се разведува, но сепак поминува време заедно. Федерацијата и јас имаме многу деца. Обожавав да ги гледам како растат. Мислам дека е време да му го препуштам ова на некој друг. Никој не е незаменлив. Кога го презедов тимот, луѓето ми велеа дека ќе биде тешко да се подобрат работите. Ќе му го кажат истото на лицето по мене – но тоа ќе се случи – вели Италијанецот Скариоло.
📹 El cierre a un ciclo mágico y único en #LaFamilia ❤️
𝙀𝙡 𝙥𝙡𝙖𝙘𝙚𝙧 𝙝𝙖 𝙨𝙞𝙙𝙤 𝙢𝙪𝙩𝙪𝙤, 𝘾𝙊𝘼𝘾𝙃 🤗
🙌 @sergioscariolo 🙌#GraciasScariolo #SomosEquipo pic.twitter.com/6W5uQmiNKE
— Baloncesto España (@BaloncestoESP) September 4, 2025
Мандатот на Скариоло, кој започна во 2009 година, ја трансформира Шпанија во една од големите кошаркарски династии. Тој освои злато на Светското првенство во 2019 година, три титули на Евробаскетot (2011, 2015, 2022), сребро на Олимписките игри во 2012 година, бронза на Олимписките игри во 2016 година и бронза на Евробаскетот во 2017 година.
Под негово водство, Шпанија стана не само победнички тим, туку и културен симбол на конкурентност и заедништво.
ВИДЕО | Шпанија елиминирана од Евробаскет: Грција ја нокаутираше „фуријата“ по драмата во Лимасол