фото: instagram.com/rkeurofarmpelister

ВИДЕО | Еурофарм Пелистер за малку до сензација против ПСЖ во Лигата на шампионите

По стартниот триумф во Битола над Загреб, актуелниот македонски првак Еурофарм Пелистер одеше во Париз со амбиција да оствари добар резултат против еден од фаворитите за титулата во ракометната Лига на шампионите, ПСЖ.

Играчите на тренерот Рубен Гарабаја се покажаа во одлично издание, во доста периоди од натпреварот го контролираа резултатот во своја корист и беа рамноправни во дуелот против францускиот гигант. Дури во самиот финиш ПСЖ успеа да стигне до победата од 33:27.

Во текот на првото полувреме ПСЖ имаше неколку пати позитива од пет гола разлика (15:10, 16:11), но со серија од 5:0 битолската екипа успеа да израмни на 16:16, резултат со кој се замина на пауза во Париз.

На почетокот на второто полувреме ракометарите на Еурофарм Пелистер имаа и плус три на своето конто. Имаше 21:18, па 22:19, а при 23:20, Французите се вратија и дојдоа до израмнување.

Во последните 10 минути тимот на Гарабаја влезе со минимално водство од 27:26 и наместо да се влезе во неизвесна завршница, целосно падна концентрацијата на Еурофарм Пелистер. ПСЖ постигна седум гола во низа, а значајни беа и одбраните на младиот голман на домашниот тим Стани Сује, а кога беше најпотребно Еурофарм Пелистер не реализираше ниту еден погодок.

Кај стрелците за македонскиот шампион Манасков постигна пет голови, Кузмановски четири, а Цехте три. На спротивната страна Пранди имаше 11 погодоци.

Во следното коло од групата Б Еурофарм Пелистер на 24 септември ќе го пречека данскиот ГОГ кој досега претрпе два порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот