Фото: EPA-EFE/TELENEWS

ВИДЕО | Eуфорија во Неапол: Де Брујне пристигна на потпис

Белгискиот ас Кевин Де Брујне (33) пристигна во Италија каде наскоро ќе стави потпис на договорот со Наполиа. Со тоа, еден од најдоминантните плејмејкери на последната деценија ќе стане нов лидер во тимот од Неапол.

Де Брујне на 1 јули останува без договор со Манчестер sити, клуб со кој испиша историја во изминатите десет години, откако во 2015 година пристигна од Волфсбург за 76 милиони евра.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fabrizio Romano (@fabriziorom)

По една деценија соработка, патиштата на белгискиот репрезентативец и англискиот гигант се разделија, а тоа веднаш го искористи Наполи кој го доведува како слободен играч, без да плати оштета. Во сезоната што заврши, Де Брујне настапи на 40 натпревари во сите натпреварувања, при што постигна шест гола и запиша осум асистенции.

За белгиската репрезентација дебитираше уште во 2010 година, а досега има 111 настапи и 31 погодок во националниот дрес. Иако има 33 години, неговата моментална пазарна вредност е проценета на околу 20 милиони евра што говори доволно за неговото значење и влијание на теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот