Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

ВИДЕО: Емполи немоќен во Неапол, Лукаку и Мектоминеј го вратија Наполи на „минус три“ од Интер

Екипата на Нанполи со головите на Скот Мектоминеј и Ромелу Лукаку славеше победа од 3-0 против Емполи и така ја продолжи трката за Скудетото со Интер.

Избраниците на Конте денеска ја оправдаа фаворитската улога, додека Емполи бодови за опстанок ќе треба да бара во другите натпревари до крајот на сезоната.

Резултатот беше отворен по 18 минути игра кога Лукаку додаде до Мектоминеј кој стрелаше за водство на домаќините. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.

По десет минути игра во второто полувреме Наполи стигна и до втор гол, а погоди Лукаку. Конечните 3-0 ги постави Мектоминеј со својот гол во 60. минута од средбата.

Наполи со овој триумф дојде до 68 бода и повторно е на „минус три“ од Интер кој е лидер, додека Емполи се наоѓа на претпоследната позиција со 24 бода, ито толку има и Венција, додека Лече кој е прв над опасната зона е на 26.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот