Наполи освои само бод на дуелот со римската „волчица“/Неапол, Италија/18 април 2022/Фото: EPA-EFE/CIRO FUSCO

ВИДЕО: Елмас и Наполи го губат чекорот со водечкиот Милан

Денеска во рамките од 33 коло во најсилната италијанска лига екипата на Наполи дома ремизираше против Рома со 1:1 на стадионот „Диего Армандо Марадона“.

„Наполитанците“ добро го започнаа натпреварот со водство од 11 минута кога Инсиње беше прецизен од пенал. За домаќините настапи и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој влзе на теренот во Неапол како замена за Лозано.

Во самиот финиш од средбата римската „волчица“ успеа да го избегне поразот со голот на Ел Шарави после асистенцијата на Ејбрахам во 91 минута.

Веќе втор меч по ред играчите на Лучано Спалети не знаат за победа во клучен дел од сезоната кога се води трката за Скудетото.

На табелата лидер е Милан со 71 бод од 33 натпревари, следува Интер со 69 бодови од 32 натпревари, а Наполи е третопласиран со 67 бодови од 33 мечеви.

Остануваат пет кола до крајот на сезоната, во следните мечеви од Серија А, Наполи на 24 април му гостува на Емполи, на истиот ден Милан е гостин на Лацио, а Интер на 23 април дома ќе игра против Рома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот