ВИДЕО: Експлозија во фабрика во Индија, има жртви

Фото: SOPA Images / Sipa Press / Profimedia

Во експлозија на резервоар за складирање загинаа седум лица, а повредени се 24 во фабрика на индискиот производител на специјални хемикалии Aether Industries во западниот пристанишен град Сурат, потврди компанијата.

Причината за експлозијата допрва ќе се утврдува, изјави претставникот на градската противпожарна служба Омпракаш Мишра, иако пожарот што го предизвикал е изгаснат. Дваесет и четворица повредени работници се згрижени во болница, рече тој.

Акциите на Aether Industries денеска паднаа за дури 6,2 отсто, откако веста за експлозијата ги сруши за 8,4 отсто претходниот ден.

„Сите регулаторни и владини компензации на семејствата на сите оние кои загинаа ќе бидат платени брзо и во целост“, се вели во соопштението на Етер Индустрис.

Тие ветија дека ќе дадат дополнителна отштета од 59.984 долари на семејствата на жртвите. Компанијата ќе ги покрие и медицинските трошоци за повредените работници и ќе обезбеди 30.000 долари по лице „во случај на траен инвалидитет“.

Етер ќе го затвори погодениот објект во Сурат „неколку дена за да спроведе структурна ревизија, форензика и мониторинг“, изјави извор за Ројтерс кој сакал да остане анонимен.

Полицијата во државата Гуџарат, каде што се случила експлозијата, претходно изјави дека седум тела се извлечени од фабриката, додавајќи дека властите сега ја прекинуваат потрагата по исчезнатите работници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот