Експлозија во бар во Мадрид/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Експлозија во бар во Мадрид, најмалку 25 повредени лица

Силна експлозија предизвикана од истекување на гас се случи денеска во бар во населбата Пуенте де Ваљекас во Мадрид, при што се повредени најмалку 25 лица, од кои тројца се во тешка состојба.

Експлозијата се случи на улицата Мануел Марото и ги погоди и станбената зграда над продавницата и барот „Мис Тесорос“ што се наоѓа веднаш до неа. Противпожарната служба и амбулантни возила брзо се упатија кон местото на настанот за да ги пренесат повредените во болниците.

Полицијата го блокираше местото и го насочува сообраќајот, додека пожарникарите продолжуваат да ги отстрануваат остатоците и да го пребаруваат местото на настанот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот