Фото: Профимедиа

ВИДЕО | Едноставен трик кој ќе ви помогне да се ослободите од мравките за само 20 секунди

Состојка што повеќето луѓе ја имаат во своите домови може да ви помогне да се ослободите од мравките што е можно поуспешно.

И покрај нашите најдобри напори да ги задржиме домовите без дамка, потоплите месеци честопати носат проблеми со мравките.

Овие здодевни инсекти се особено активни во текот на летото, но за среќа, поради нивната чувствителност на мириси, релативно е лесно да се избркаат со помош на една состојка во домаќинството, пишува британски „Експрес“.

Еден креатор на содржина на социјалната мрежа Тик-ток тврди дека циметот може да ја контролира наездата на мравки за помалку од 20 секунди.

Во видеото, тој покажа каде се наоѓаат мравките во неговиот дом, а потоа, тоа подрачје обилно го посипа со цимет. Резултатите беа импресивни.

 

@im_no_gardener Natural way of getting rid of pesky ants #ant #ants #anthack #antkiller #insects #insect #pesky #peskyants #peskyinsects #repelente #natural #coverage #gardenhack #gardeninghack #hints #tips #hintsandtips ♬ original sound – Im_no_gardener

Корисниците на Тик-ток биле шокирани од резултатите, па еден корисник напишал: „Не знам зошто, но мелениот цимет дефинитивно дејствува“.

Делотворноста и ефикасноста на циметот како средство за заштита од штетници е исто така и научно тестирана.

Силната арома на циметот ги одбива мравките.

Истражувачите извадиле хемиски соединенија од циметот и тестирале високо концентрирани масла за да видат дали ги одбиваат мравките.

Резултатите го поддржале тврдењето за ефикасноста на циметот, покажувајќи дека силната арома на циметот навистина ги одвраќа мравките.

Една од значајните предности на користењето на циметот е тоа што е природен и нетоксичен и не претставува никаква опасност за опрашувачите на растенијата, како што се пчелите.

Ова го прави еколошки прифатлива алтернатива на хемиските пестициди.

 

Како да ги избркате мравките од вашиот дом?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот