Џорџ Мајкл / Фото: EVERT ELZINGA / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Едно ноќевање чини 550 фунти: Луксузната куќа на Џорџ Мајкл достапна за изнајмување

Обожавателите на покојниот Џорџ Мајкл сега имаат можност да ја изнајмат неговата луксузна куќа со базен, која се наоѓа во Оксфордшир, Англија.

Пејачот почина на Божиќ во својот дом во 2016 година, а обожавателите сега можат да ја изнајмат таа куќа за 550 фунти од ноќ.

Имотот со базен и прекрасна градина се најде на листата на хит одморалишта, истакнал инсајдер за „Сан“, кој исто така објаснил дека публиката на пејачот е благодарна што може „да шета низ неговиот имот, а не само да го гледа на видеата на интернет“.

Фото: Geoff Swaine / Avalon / Profimedia

„Тоа место е исклучително популарно меѓу обожавателите. Сите се навистина благодарни за целото ова искуство“, рекол изворот.

Да потсетиме, пејачот ја купи оваа куќа во 2001 година и сам ја декорираше. Во 2019 година беше продадена на локална двојка за нешто повеќе од четири милиони долари. Некое време подоцна, тамошните медиуми пишуваа како семејството морало да ангажира обезбедување за да се заштити од обожавателите на пејачот, а што се однесува до куќата, тие промениле неколку работи.

Кејт Буш и Џорџ Мајкл во Куќата на славните на рокенролот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот