Фото: Инстаграм/Едина Муса

ВИДЕО | Едина Муса: „Со дисциплина и борба, три месеци по породувањето повторно ја вратив својата сила“

Поранешната македонска кошаркарка Едина Муса само три месеци по раѓањето на својот син Максим успеа да се врати речиси до својата претходна физичка форма. Со својата искреност и отвореност, таа сака да мотивира и други мајки да не се откажуваат од грижата за себе.

Муса го роди Максим на 19 февруари годинава, а деновиве сподели видео од тренинг, нагласувајќи дека дисциплината стекната преку спортот ѝ помогнала да се врати во кондиција за релативно кратко време.

„Сè во животот бара дисциплина. Благодарение на дисциплината што ја научив преку спортот, успеав само три месеци по породувањето да се доближам до старата форма. Сè уште не сум целосно вратена, но сум благодарна што сум толку блиску“, напиша таа.

Таа посочи дека како поранешен спортист и како жена која по породувањето не се соочила со хормонални потешкотии, имала и предност, но не заборава на борбата што ја водела претходно. Муса откри дека живее со Хашимото тиреоидитис и дека долго време се соочувала со нарушен хормонски баланс, што влијаело и на нејзината психичка состојба и на физичката форма.

„Во тие моменти не се чувствував добро, ниту удобно во своето тело. Но секогаш наоѓав инспирација во секоја жена која вежба, која се труди и која не се откажува. Затоа се надевам дека и мојот пример ќе допре таму каде што треба и ќе послужи како мотивација“, вели Муса.

Таа е во брак со кошаркарот Александар Димитровски – Мачка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот