Еди Рама со Макрон и Алиев/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Еди Рама го „тролаше“ Трамп за грешката со војната меѓу Албанија и Азербејџан, Макрон се изнасмеа

Албанскиот премиер Еди Рама одбра да го „трола“ американскиот претседател Доналд Трамп за грешката што ја направи кога објави дека ја завршил – непостоечката – војна меѓу Албанија и Азербејџан, мешајќи ја Албанија со Ерменија, на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Копенхаген, пишува албанскиот портал 360 степени.

Рама во шегата го вклучи францускиот преседател Емануел Макрон велејќу му дека не му „честитал“ нему и на Илхам Алиев.

„Мора да ни се извините што не ни честитавте за мировниот договор што Трамп го објави меѓу Албанија и Азербејџан “, се слуша како му вели Еди Рама на Макрон во присуство на азербејџанскиот претседател Алиев.

Откако ја слушна оваа „забелешка“, Емануел Макрон се насмеа и се извини, а Еди Рама му рече „во ред е“, а и целата толпа се смееше.

Грешката на Трамп се случи на 18 септември, во контекст на изјавите на Трамп на средбата со британскиот премиер Кир Стармер.

Тогаш американскиот претседател потсети дека за време на неговиот мандат завршиле седум војни, вклучувајќи ја и… непознатата меѓу Албанија и Азербејџан.

Всушност, Трамп се осврна на тековниот конфликт меѓу Ерменија и Азербејџан околу спорната територија Нагорно-Карабах, бидејќи во летото ги покани лидерите на двете земји во Белата куќа и сите беа фотографирани заедно како потпишуваат ветување за мир, при што американскиот претседател беше најсреќен од сите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот