Фото: Faye Sadou/MPI / Capital pictures / Profimedia

ВИДЕО | Џорџ Клуни се пошегува за Амал: Подобро јас да готвам, таа може сите да нѐ убие

Џорџ Клуни неодамна за медиумите зборуваше за своето семејство, а со изјавата за сопругата Амал особено ги насмеа новинарите. Актерот, кој се омажи за адвокатката за човекови права Амал Аламудин во 2014 година, рече дека нејзините вештини во кујната не се ни приближно блиску до нејзината експертиза на суд.

„Мојата сопруга е брилијантен адвокат, еден од најголемите адвокати во светот, но подобро е јас да готвам бидејќи постои можност сите да умреме“, рече тој во интервјуто за време на премиерата на филмот „Момците во чамецот“ во Лос Анџелес, кој го режираше и продуцираше.

На прашањето што имаат тој и Амал на менито за претстојните празници, Џорџ откри дека оваа година ќе подготвуваат „мала божиќна мисирка“, слична на онаа што ја направил за Денот на благодарноста.

Што се однесува до односот со неговите деца, новинарите го прашале дали неговите деца се свесни кој е нивниот татко.

„Немаат поим. Едно од децата во училиштето му кажа на нашиот син дека сум познат. Подоцна син ми ме праша: ‘Тато, по што си познат?’“, раскажал Клуни.

Познатиот актер и адвокат, кои се венчаа во септември 2014 година, се родители на 6-годишните близнаци Ела и Александар, а по повод премиерата на филмот кој Џорџ го режираше, на црвениот тепих прошетаа во елегантни комбинации.

Имено, Амал се појави во светло жолт фустан од Версаче, додека актерот носеше класичен црн костум под кој носеше темно сина кошула.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот