Џони Деп - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Џони Деп во првите редови на ревијата „Диор“ на модната недела во Париз

Холивудската ѕвезда Џони Деп пристигна на Париската модна недела, каде што присуствуваше на ревијата за пролет/лето 2026 на „Кристијан Диор“, под креативното водство на Џонатан Андерсон, пренесува „Индпендент“.

Актерот беше забележан во првите редови, каде привлече огромно внимание со својот препознатлив стил — класичен сив костум, шешир и внимателно одбрани аксесоари што му го надополнуваа изгледот. Присуството на Деп повторно ја потврдува неговата силна врска со светот на модата и со брендот Диот, чиј амбасадор е за мирисот „Диор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jerrie Depp (@jerriedepp_)

На ревијата беа присутни и бројни светски познати имиња, меѓу кои и Џенифер Лоренс и Шарлиз Терон, што дополнително ја нагласи важноста на настанот. Појавувањето на Депе продолжение на неговото враќање во центарот на вниманието, не само во филмската индустрија, туку и во модниот свет.

Со секое негово појавување, актерот потсетува дека е подеднакво влијателен и како стилска икона, оставајќи силен впечаток каде и да се појави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот