
ВИДЕО | Џеси Џej се врати на сцената за првпат по операцијата на рак на дојка, нејзиниот 2-годишен син ја гледаше додека пее
Познатата поп-пејачка Џеси Џеј (37) се врати на сцената за првпат откако во јуни сподели со јавноста дека ѝ е дијагностициран рак на дојка во рана фаза, пренесуваат странските медиуми.
Препорачано
Минатиот месец, таа сподели дека нејзината турнеја е одложена, велејќи им на обожавателите дека мора да се подложи на уште една операција пред крајот на годината.
Но, на задоволство на многу обожаватели, таа вчера беше меѓу изведувачите на емисијата на Би-би-ди рејдио 2 во Хајлендс Парк во Челмсфорд. Во таа прилика, Џеси зборуваше за тоа со што се справувала во изминатите неколку месеци.
– Пред 11 недели имав операција на рак на дојка и на последниот концерт немав поим што ќе се случи. И сè уште сум во процес на закрепнување. Многу сум благодарна што сум тука. Немате поим колку сум благодарна што ве гледам толку многумина како пеете по сите овие години. Навистина се чувствувам како мало дете сè уште го прави она што го сака – рекла таа.
Добитничката на БРИТ наградите сподели дека нејзиниот двегодишен син Скај исто така го гледал нејзиниот настап од сцената.
– Уште една посебна работа што се случува денес е што мојот син ме гледа како пеам на сцена за првпат – додала Џеси.
Џеси потоа ја претстави својата песна „Living My Best Life“, објавена во мај.
– За што е оваа песна… Ми ја кажаа дијагнозата буквално две недели пред да биде објавена оваа песна, и сите велеа „ајде да престанеме, ајде да ставиме сè на чекање“, а јас реков „тоа не е целта на животот“. Животот е да стоиш во бурата, но да држиш чадор и едноставно да продолжиш понатаму. Не знам за вас, но за мене музиката е исцелител. Музиката е она што ме тера да сакам да се разбудам наутро и само ме прави возбудена за животот. И благодарна сум што можам да создавам музика што може да им даде на другите луѓе нешто што им е потребно во лош или добар ден. Значи, оваа песна се вика „Живеејќи го вашиот најдобар живот“ и тоа е она што го правам секој ден, затоа впијте го ова, прегрнете ги луѓето што ги сакате, силно и уживајте! – изјавила пејачката.
View this post on Instagram
ФОТО+ВИДЕО| Емотивна исповед на Џеси Џеј: „Не можам да си ги допрам градите и лузните“