Џек Озборн - Фото: Принтксрин/Јутјуб

ВИДЕО | Џек Озборн со солзи во очите го опиша моментот како дознал дека неговиот татко Ози починал

Џек Озборн со солзи во очите се обиде да го опише моментот кога дознал за смртта на неговиот татко, легендарниот рокер Ози Озборн. Ози почина на 22 јули 2025 година, на 76 годишна возраст, како последица од срцев удар, пишува „Дејли Мејл“.

Во видео кое е објавено на Јутјуб, Џек го опиша моментот кога дознал за смртта на својот татко.

„Се разбудив во Лос Анџелес додека некој тропаше на вратата од мојата куќа околу 3:45 часот наутро. Тоа беше личноста која работеше за моето семејство околу 30 години. Кога погледнав низ прозорецот, знаев дека се случило нешто лошо. Ме информираше дека татко ми починал“, додаде тој.

Покрај тешките моменти, Џек изјави дека му било многу жал, но истовремено чувствувал и мир знаејќи дека неговиот татко не страда повеќе, бидејќи имал сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи коронарна артериска болест и Паркинсонова болест.

Ози настапи на својот последен концерт со својот бенд на 5 јули во Бирмингем, по што Џек и семејството останале уште една недела во Обединетото Кралство бидејќи децата му се разболеле од стомачна вирусна инфекција.

Иако болката беше голема, Џек ја најде својата утеха во фактот дека Ози повеќе не страдал.

„Сакам да е со нас … но имаше тежок период, и луѓето на концертот го забележаа тоа“, додаде тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!