Судар на два мали авиони на писта во Аризона/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Два мали авиони се судрија на писта во Аризона

Два мали авиони се судрија на пистата на регионалниот аеродром во Аризона, при што загина најмалку едно лице, соопштија властите во таа американска држава. Едниот од авионите е во сопственост на хеви метал групата Мотли Кру, а другиот на холивудската ѕвезда и актер Винс Вон. Во несреќата загина пилотот на бендот, додека копилотот и уште двајца патници со повреди се пренесени во локалните болници. Во авионот на Винс Вон немало патници.

Едно лице загина, потврди Дејв Фолио, портпарол на противпожарната служба во Скотсдејл, градот во кој се случи трагедијата вчера попладне.

„Се уште работиме на извлекување на едно лице од еден од двата авиони“, додаде тој, појаснувајќи дека уште тројца повредени се пренесени во болница.

Во сударот учествувале два приватни авиони, Лирџет 35A и Галфстрим 200, според американската Федерална управа за авијација (ФАА).

Првиот „излегол од пистата по слетувањето и удрил во другиот“, објаснуваат од службата.

ФАА почна да спроведува истрага. Сообраќајот на аеродромот Скотсдејл беше привремено во прекин.

Бендот Мотли Кру ја потврди смртта на пилотот во изјава на Икс, нагласувајќи дека тие ќе дадат поддршка на неговото семејство.

„Претходно денеска, приватен авион во сопственост на Винс Нил (Learjet 35A) учествуваше во несреќа во близина на Скотсдејл, Аризона. Од засега непознати причини, авионот се излизгал од пистата и удрил во паркиран авион. Во авионот имало 2 пилоти и двајца патници, но не и господин Нил. Бидејќи истрагата е во тек, не можеме да дадеме дополнителни информации. „Мислите и молитвите на г-дин Нил се со оние кои учествуваа во несреќата и тој е благодарен на првите што реагираа“, изјави претставникот на пејачот.

Вчерашната несреќа ја надополнува серијата неодамнешни катастрофи кои фрлаат сомнеж врз безбедноста на воздушниот сообраќај во САД.

На 30 јануари, во судир меѓу комерцијален патнички авион и воен хеликоптер во близина на прометниот аеродром загинаа вкупно 67 луѓе во Вашингтон.

На 1 февруари се урна медицински транспортен авион во Филаделфија, при што загинаа 7 лица, шестмина во него и еден на земја.

А во петокот 10 луѓе загинаа кога мал патнички авион се урна на Алјаска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот