Руски тенк згмечи човек/ Фото: Твитер

ВИДЕО | Драматични снимки од Киев: Руски тенк згмечи автомобил во кој имаше човек

Руските сили се во престолнината на Украина, Киев, а претходно дејствувале во населбата Оболон, на околу 10 километри од центарот на главниот град.

На социјалните мрежи се појави снимка на која се гледа руски тенк кој прегазува автомобил во кој имало човек.

„Моментот кога руски тенк прегазува автомобил со човек во Киев“, се наведува во описот на видеото.

Во друга видео снимка се гледа како неколку луѓе го извлекуваат мажот од целосно демолираниот автомобил, преку кој минал тенкот. Мажот е жив.

Потсетуваме, како што јавуваат светските медиуми, руските трупи влегле во Киев и во тек се жестоки улични борби на улиците во престолнината на Украина.

ВО ЖИВО | Втор ден од руските напади врз Украина, вести од минута во минута

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот