Ви препорачуваме
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
ВОЈНА ВО УКРАИНА
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5

ВИДЕО | Дождот помогна да се изгасне пожарот во „Јасен“
Дождот што заврна утрово околу 7 часот и врнеше околу два часа на подрачјето на ловиштето „Јасен“ помогна да биде изгаснат пожарот кој траеше повеќе од десет дена.
Препорачано
И покрај обилните врнежи, од Центарот за управување со кризи (ЦУК) велат дека на одредени делови од пожарната линија сè уште има чад, поради што по расчистување на маглата екипите ќе продолжат со пешадиски интервенции на жешките точки. Теренот ќе биде пребаруван и со дронови со термални камери.
Екипи на ЈП „Јасен“ остануваат на терен и ќе патролираат сè додека не се потврди дека пожарот е целосно изгаснат.
Дожд падна претежно во северните и северозападните делови на државата, додека во источните, југоисточните, централните и југозападните делови немаше врнежи.
Според прогнозите на УХМР, денеска се очекува силен ветер до 60 км/ч, кој може да го зголеми ризикот од нови пожари и нивно брзо ширење. Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, навремено да пријават сомнително однесување, како и евентуални електрични жици кои искрат или се допираат, на бројот 112 или во ЕВН.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
21мин
-
30мин
-
36мин
-
40мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5