Фото: EPA/Jarek Praszkiewicz

ВИДЕО | Дончиќ ја пропушти химната на Словенија: Морав да одам во тоалет, беше итно…

Словенија со победа над Израел ја заокружи групната фаза на Евробаскет 2025, а уште еднаш во центарот на вниманието се најде Лука Дончиќ и тоа не само поради извонредната игра.

Пред почетокот на натпреваро гледачите забележаа дека додека се интонираше химната на Словенија, Дончиќ го ненмаше до соиграчте. Поради тоа снимката брзо стана вирална на социјалните мрежи, па следуваа најразлични коментари. .

По натпреварот Дончиќ ги отстрани дилемите откривајќи дека морал да оди во тоалет.

„Затоа што морав итно да направам нешто во тоалетот. Ако и тоа ве интересира, тогаш не знам…., можам и подетално да ви раскажам ако сакате. Па, сигурно не би го пропуштил интонирањето на националната химна, но морав итно да одам. Што да ви кажам. Не можев да чекам до полувреме“, изјави Дончиќ пред новинарите.

ВИДЕО | Дончиќ и Авдија приредија шоу во Катовице – Словенија го урна Израел на Евробаскет

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот