Profimedia

ВИДЕО | Доналд Трамп не знае да затвори чадор: Урнебесното видео го обиколи светот

Видеото на кое американскиот претседател Доналд Трампсе бори со чадорот“ и силниот ветер, го обиколи светот. Корисниците на социјалните мрежи, повторно се шегуваат на сметка на Трамп.

Имено, додека се качуваше по скалите на авионот, Трамп се „бореше“ со силниот ветер и дождот и цврсто го држеше големиот црн чадор. Меѓутоа, кога сакаше да го затвори наиде на проблеми, по што се обиде со него да влезе низ тесната врата од авионот. Откако еден од помошниците ја забележа целата ситуација, му пријде и му го затвори чадорот, што очигледно Трамп не можеше да го направи.

„Сега знам зошто одиме во рецесија. Типот е ид*от“,; „Тој е не е паметен“; „Мислам дека никогаш не затворил чадор“, „Светот му се смее“, се само дел од коментарите, на корисниците на платформата „Икс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот