
ВИДЕО | Доџа Кет ја исмеа Сидни Свини за новата кампања: „Знаеш дека е лошо кога дури и таа ти се потсмева“
Американската актерка Сидни Свини предизвика контроверзии со својата нова кампања за фармерки „Great Jeans“ за брендот „Американ игл“ (American Eagle). Нејзиниот монолог стана особено контроверзен, а сега пејачката Доџа Кет го исмејуваше на социјалните мрежи.
Препорачано
@dojacatmy jeans are blee
„Гените се пренесуваат од родител на потомство, честопати одредувајќи особини како што се бојата на косата, личноста, па дури и бојата на очите. Моите фармерки се сини“, рече Сидни, играјќи си со англиските зборови „фармерки“ и „гени“. Доџа одлучи да сними видео со свој коментар со претеран јужњачки акцент.
Видеото што пејачката го објави на TикTок, во кое, како што многумина веруваат, таа ја исмеваше Сидни, собра 16,7 милиони прегледи и десетици илјади коментари.
„Знаеш дека е лошо кога дури и Доџа ти се потсмева за тоа“, „Никогаш не помислив дека ќе го видам денот кога Доџа Кет ќе се потсмева на Сидни Свини, но еве нè“, „Доџа е повторно на вистинската страна од историјата“, напишаа тие во коментарите.
Слоганот на кампањата е „Сидни Свини има одлични фармерки“, но во неа се користи и зборот „гени“, што ги наведе обожавателите да размислуваат за генетиката на жената со руса коса и сини очи. Кампањата беше цел на исклучително негативни коментари. Некои го обвинија „Американ Игл“ на социјалните мрежи за промовирање на евгеника, дискредитираната научна теорија дека човечката раса може да се подобри со елиминирање на помалку посакуваните особини.
Поединци ја критикуваа кампањата „Great Jeans“ за она што го сметаат за промовирање на „нацистичка пропаганда“. Мнозинството се согласија дека кампањата била насочена кон мажи, а не кон жени за кои бил наменет производот. Ова мислење се појави поради предизвикувачките фотографии што Свини ги направи за брендот.