фото: EPA-EFE/GABRIELE MENIS

ВИДЕО: Доаѓаме од мали земји како Македонија, Грузија, Косово, Нигерија..се оствари сонот на Наполи

Наполи со ремито против Удинезе и официјално ја освои титулата шампион на Италија, прва после 33 години и ерата на Диего Армандо Марадона.

Елиф Елмас е вториот фудбалер од Македонија кој доаѓа до Скудетото, претходно тоа му успеа на Горан Пандев со Интер во 2010 година.

Нашиот „дијамант“ ја слави титулата со своите тимски колеги, а еве што објави на својот Инстаграм профил:

– Доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија, Камерун, и останатото е ИСТОРИЈА. СОНОТ НА НАПОЛИ СЕ ОСТВАРИ – напиша Елмас.

За „наполитанците“ предводени од тренерот Лучијано Спалети до крајот на сезоната во Серија А остануваат уште пет натпревари: Фиорентина (дома), Монца (гости), Интер (дома), Болоња (гости) и Сампдорија (дома).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот