
ВИДЕО | Деветнаесетгодишен Данец пешачел 3000 километри до Загреб: Пристигнал за два и пол месеци
Деветнаесетгодишниот Данец, Оливер Хвам летово почнал да пешачи од родниот град Оденсе во Данска сè до Загреб. Неговиот план бил да оди директно од матурата во Оденсе Катедралсколе за да студира математика на Универзитетот во Копенхаген. Но, тогаш се одлучил за авантура.
Препорачано
„Моето име е Оливер и верувам дека ако сакаш да постигнеш нешто извонредно, мораш да бидеш извонреден. Затоа, на 28 јули 2023 година решив да ставам торба на грб и да излезам од мојата комфорна зона. Тоа беше почеток на најтешкиот ментален тест во мојот живот бидејќи во текот на 75 дена пешачев во просек повеќе од 40 километри на ден, што е еднакво на вкупно растојание од 3.000 километри за само 2 и пол месеци“, опишал тој на неговиот канал на Јутјуб, каде што го документирал своето патување.
„Сам талкав низ 12 земји пеш, завршувајќи на 12 октомври 2023 година во Загреб, главниот град на Хрватска“, објасни тој. Во трите досега објавени видеа, во траење од приближно половина час, Оливер снимил и сумирал сè што доживеал на патувањето на кое ретко кој би се осмелил да тргне. Имало и солзи, но и многу убави моменти.
Многу од тие моменти тој ги објавувал во реално време на неговиот профил на ТикТок, каде што илјадници луѓе го следеле патувањето. Тие, вели, биле неговиот мотив да не се откаже.
@bruhliver Hej Kroatien (Hvratska) #vandretur #fyp #danmark #kroatien ♬ Where’d All the Time Go? – Dr. Dog
“Пред некое време, шетав на островот Фунен со сестра ми. Тоа беше патување од околу 400 километри. После тоа сакав да пробам нешто поголемо. И тогаш сосема спонтано решив да одам низ Европа”, објаснил тој за данските медиуми ова лето.
Имено, Оливер се обидел да ја максимизира својата пешачка патека и со што помалку километри да покрие што повеќе различни земји и големи градови.
На прашањето зошто го одбрал токму Загреб за своја крајна дестинација, одговорил дека тоа било чиста случајност.
„Да одев по директна рута, ќе поминев само низ четири различни земји, но кога малку ја сменив рутата, можев одеднаш да посетам 12 различни земји и мислам дека вредеа сите дополнителни километри. Не се работеше за тоа да стигнам до Загреб, туку да доживеам што повеќе на патот“, заклучи тој.