Фото: Твитер / принтскрин

ВИДЕО: „Денот се претвори во ноќ“: Огромен мрачен облак го прекри Истанбул

Невообичаен метеоролошки феномен деновиве ги вознемири жителите на Истанбул – турската метропола среде ден, пет минути беше без сонце поради невреме со исклучително темни облаци.

„Облак дебел седум километри помина над Истанбул. Во меѓувреме, сонцето исчезна пет минути, а денот се претвори во ноќ“, објави турскиот метеоролошки форум „Хава форум“

Мрачниот облак донесе и невреме со силен дожд. Според метеоролозите, станува збор за изразен фронт од кумулонимбус, кој не пропушта светлина и поради тоа има темна боја. Во исто време, за да ја направи сликата уште поспектакуларна, но можеби и поморничава, на небото над Истанбул се појави и прекрасно виножито.

Фото: Твитер

Дел од граѓаните коментираа дека невремето и темните облаци се можен предвесник на нов земјотрес, по серијата потреси од 6 февруари, во кои загинаа десетици илјади луѓе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот