Фото: Screenshot

ВИДЕО: Дејвис беше одличен на дебито за Далас, но и – се повреди!

Ентони Дејвис одигра одлично на дебито против Хјустон во натпреварот во кој Далас славеше со 116:105.

Далас ја искористи домашната предност и со одлилната игра во првото полувреме се наметна како подобар тим. Дејвис натпреварот го заврши со 26 поени, 16 скокови, седум асистенции и три блокади за половина час на паркетот.

Посебно беше одличен во првото полувреме кое го заврши со 24 поени, 13 скокови, пет асистенции и три блокади. Но, проблем за Далас може да биде што Дејвис заработи повреда во третиот период и по замената не се врати на паркетот. Во редовите на Хјустон најефикасен беше Алперен Шенгун со 30 поени и осум скока.

Никола Јокиќ одново беше на чекор од трипл-дабл, но средбата против Феникс во кој Денвер запиша пораз од 105:122 ја заврши со 26 поени, 11 скока и девет асистенции.

РЕЗУЛТАТИ: Далас – Хјустон 116-105, ЛА Лејкерс – Индијана 124-117, Орландо – Сан Антонио 112-111, Вашингтон – Атланта 111-125, Чикаго – Голден Стејт 111-132, Мемфис – Оклахома Сити 112-125, Минесота – Портланд 114-98, Њујорк – Бостон 104-131, Феникс – Денвер 105-122, Сакраменто – Њу Орлеанс 123-118, ЛА Клиперс – Јута 130-110.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот