Дејвид Бекам - Фото: I-Images / Zuma Press / Profimedia

ВИДЕО | Дејвид и Викторија Бекам за првпат на свечена вечера во Бакингемската палата: Блесна елегантната двојка

Дејвид и Викторија Бекам присуствуваа на банкет организиран во чест на катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Бакингемската палата.

Викторија за оваа пригода избра креација која го истакна струкот, а Дејвид се одлучи за класичен костум со машна, пренесува „Дејли мејл“.

Дејвид го доби Орденот на Британската империја во 2017 година. Но, ова е првпат тој и Викторија да бидат поканети на банкет.

Поранешниот фудбалер неодамна беше назначен за амбасадор на Кралската фондација и му помагаше на принцот Вилијам да собере средства за лондонската воздушна амбуланта.

На банкетот присуствуваа и сопругата на емирот Шеиха Џавахер бинт Хамад бин Сухаим Ал Тани, кралот Чарлс, кралицата Камила, принцот Вилијам и други.

Во своето обраќање, кралот Чарлс изјави дека односот меѓу Британија и Катар е „длабок, личен и историски“. Тој ја изрази благодарноста на Британија за нивните „неуморни напори за посредување во изминатата година во потрагата по мир“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот