Фото: England natioanl team/FB

ВИДЕО | Дебакл за Србија: Англија „пукна петарда“ во Белград

Фудбалската репрезентација на Англија одигра перфектен натпревар во Белград и ја декласираше Србија со високи 0-5, нанесувајќи ѝ еден од најтешките порази на домашен терен во историјата.

Англичаните доминираа од првата до последната минута и апсолутно заслужено си заминаа со убедлив триумф од српската престолнина.

Серијата голови ја отвори Хари Кејн во 32. минута, а само четири минути подоцна Нони Мадуеке погоди за 0-2, резултат со кој се замина на пауза.

Во второто полувреме, гостите не застанаа. Конса во 52. минута погоди за 0-3, а надежите на Србија целосно згаснаа во 72. минута кога Миленковиќ доби директен црвен картон.

Само три минути подоцна Марк Гуехи го зголеми водството на 0-4, а конечниот резултат го постави Маркус Рашфорд од белата точка во самиот финиш на натпреварот.

Тежок пораз за „орлите“, а голем показател за моќта на Англија која уште еднаш потврди зошто е меѓу главните фаворити на европската сцена.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот