Трпе Дејановски - синдикат на УПЗ / Фото: „Слободен печат“- Драган Митрески

ВИДЕО | Деаноски: Продолжува штрајкот во обвинителствата, платите се многу мали

Денеска продолжува штрајкот во обвинителствата, затоа што Владата не најде слух за да се решат прблемите со ниските плати и со избришаните додатоци, најави во интервју за „Слободен печат“, претседателот на Синдикатот на работниците од управта, правосудните органи и здруженија, Трпе Деаноски.

Тој рече дека по средбата во минатиот четврток со претставниците на Владата, штрајкот бил ставен во мирување, но до нова средба на која требале да добијат „контра понуда“ не дошло.

– За да покажеме добра волја, минатата недела го ставивме штрајкот во мирување. Се надевавме дека побрзо ќе дојдеме до средба, дека ќе наидеме на разбирање, но за жал тоа не се случи и денеска штрајкот повторно се активира. Тоа значи акомулирање на предмети, на кривични пријави, а крајната цена ја плаќаат граѓаните. Сѐ додека државата не се свести дека вработените во судовите и во обвинителствата заслужуваат повеќе заради специфичноста на нивната работа, заради трудот, ризикот и доверливоста, ќе се случуваат ваки работи – рече Деаноски.

Тој рече дека наспроти просечната плата која во државава изнесува 36.390 денари, просечната во обвинителствата е околу 25.000 денари. Таму би требало да работат 1.109 вработени, а моментално има 370 вработни, што значи дека еден работи за тројца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот