
ВИДЕО: Драма во Црна Гора – висел 12 часа над провалија фатен за гранки, откако возилото му завршило во провалија
Еден човек од црногорскиот град Шавник доживеал необична несреќа во пределот на реката Бијела во Црна Гора.
Препорачано
Откако вчера излетал од патот и паднал од автомобилот, поминал 12 часа повреден над карпа, држејќи се за гранки од дрвја објавија медиумите од регионот. Од непозната причина, Рајковиќ излетал од патот, а возилото удрило во дрвото. Тој паднал од автомобилот и останал да виси над провалијата, сериозно повреден.
„Пациентот не се сеќава точно како се случила несреќата. Цела ноќ ја поминал држејќи се за две гранки, а самиот вели дека не знае како ја преживеал со оглед на сериозните повреди“, изјави за ТВЦГ д-р Зоран Мркиќ, директор на болницата во Никшиќ.
Исчезнувањето на Рајковиќ беше пријавено синоќа, а тој беше забележан дури утрово над кањонот на реката Бијела. Следеше драматична спасувачка операција, во која учествуваа пожарникари.
Тој додаде дека пожарникарите од Шавник биле принудени да започнат многу ризична операција за спасување поради недостаток на опрема.
„Четири лица успеаја да го извлечат човекот со едно возило. Знаејќи дека губи сила, мораа брзо да дејствуваат. Благодарение на нивната храброст и вештина, беше спасен еден човечки живот. Им честитаме за нивната исклучителна акција“, рече Трипковиќ.
Рајковиќ моментално се опоравува на одделот за интензивна нега. Според лекарите, тој претрпел повеќекратни фрактури на ребрата, контузија на белите дробови со присуство на крв и воздух во градите, како и делумни повреди на ‘рбетот во торакалниот регион, пренесува Беране.