ВИДЕО | Чудо ја спасило девојката од Русија која ја прегазил воз – нејзината мајка ги открива деталите

На социјалните мрежи кружи морничаво видео, снимено во градот Сергиев Посад, на околу 70 километри североисточно од Москва.

Во преден план е девојка која ја преминува пругата, но не го забележува возот кој на крајот ја удира и преминува преку неа. Локалните медиуми јавуваат дека таа преживеала и има само полесни повреди.

Инцидентот се случил во средата на 6 ноември, а мајката на девојчето изјавила дека „е чудо што ќерка ѝ преживеала“, додавајќи дека машиновозачот не е виновен.

Гледајќи го видеото се чини дека девојката не ја слушнала локомотивата, а работите станале појасни по информацијата дека носела слушалки, пренесува Дејли мејл.

„Научи лекција за цел живот. Слушалките останаа таму, на шините. Имаме едни големи слушалки, ѝ реков да седи дома и да слуша музика“, рекла мајката.

Девојката имала среќа што непосредно пред инцидентот возот забавил, па ударот бил драстично послаб.

„Да одеше со полна брзина, таа ќе беше разнесена на парчиња. Тоа ѝ го кажав“, открила мајката.

По несреќата жртвата била пренесена во болница, но информациите за нејзината состојба не се прецизирани. Локалното обвинителство покрена истрага.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!