Фото: Скриншот/Фејсубук

ВИДЕО | „Човек од народот“: Халид Бешлиќ со песна ги развесели продавачките во пекарница за време на пандемијата

Халид Бешлиќ во текот на животот живееше скромно, без афери, а многумина го нарекуваа „човек од народот“.

Со своите постапки и зборови често го освојуваше симпатиите на јавноста. Пред пет години ги израдува вработените во една пекарница кога им ја запеа својата песна „Романија“. На Фејсбук тогаш се појави снимка на која се гледа како пејачот во пекарницата ја трга заштитната маска и запева дел од песната. Судејќи според видеото, беше добро расположен, па за време на пеењето ги крена и рацете.

„Кафулињата и концертните сали се затворени, но затоа пекарниците работат“, пишуваше во објавата што во времето на коронавирусот ги израдува многумина.

„Цар си, пријателе“, „Голем човек“, „Легенда“, беа само дел од коментарите со кои веднаш го пофалија обожавателите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот