Фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

ВИДЕО: Челси со „покер“ го испрати најслабиот тим во Премиер лигата

Фудбалерите на Челси лесно ја оправдаа фаворитската улога и вечерва славеа убедлива победа над Саутемптон со 4:0 во рамките од 27. коло во англиската Премиер лига.

Нкунку го отвори резултатот во 24. минута, а десетина минути подоцна беше во улога на асистент за Педро Нето кој зголеми на 2:0.

Пред крајот на првото полувреме Колвил се погрижи и за веќе убедливи 3:0. Конечните 4:0 ги постави дефанзивецот Кукуреља во финишот од натпреварот.

Со овој триумф Челси дојде до 46 и четвртата позиција, два повеќе од Манчестер сити кој има натпревар помалку. Саутемптон е последен со само девет освоени бодови.

На останатите натпревари вечерва Фулам на гости со 1:2 беше подобар од Вулвс, Брајтон дома го совлада Бормут со истиот резултат, а Кристал Палас изненадувачки убедливо славеше над Астон Вила со 4:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот