
ВИДЕО: Челси со головите на Џексон и Палмер го совлада Вест хем
Менаџерот на Челси, Енцо Мареска потроши многу енергија и зборови објаснувајќи ѝ на јавноста зошто Николас Џексон е стартен напаѓач, а по малото лондонско дерби со Вест хем можеше да се радува бидејќи репрезентативецот на Сенегал со два брзи гола и асистенција до Кол Палмер донесе три бода во Премиер лигата за победа од 3:0 (2:0).
Препорачано
Цели три години Челси не славеше на гостувањето кај Вест хем, но денеска беше повеќе од ефикасен бидејќи во првото полувреме реализираше две од трите шанси. Веќе во четвртата минута Џексон доби одлично додавање во просторот од Санчо, стигна до голот и го матираше Ареола.
„Сините“ добро ја искористија брзината на Џексон пред Мавропанос и Килман, со серија додавања отворија простор за додавање на Кајсед во просторот. Џексон уште еднаш беше побрз од својот ривал и повторно рутински го зголеми водството.
Конечниот епилог го постави Палмер на стартот од второто полувреме во 47 минута од средбата.
Челси моментно е на второто место со 10 бодови, додека Вест хем е на 14 место со четири бодови.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
15мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5