Фото: Царинска управа

ВИДЕО | Цариниците запленија автобус специјално адаптиран за шверцување

Царинската управа соопшти дека заплениле автобус со косовски регистарски таблички, кој извршувал редовен превоз на патници на релација Истанбул Приштина.

Автобусот, како што соопштија бил специјално конструиран, адаптиран и прилагоден со цел криење стока.

Во друг случај, цариниците заплениле над 500 парчиња облека со потпис на познатите трговски марки Ралф Лаурен и Лакоста поради сомневање за повреда на право од интелектуална сопственост. Запленети се и 75 комплети тренерки со ознаки на заштитена трговска марка кои се пронајдени во камион со турски регистарски таблички, натоварено со стока со потекло од Турција наменета за увозник од Косово.

– Фотоапарат SONY A7III со објектив SONY FE24 MM F1.8GM и компјутер за видео-игри AORUS, со вкупна вредност од 345 илјади денари, се пронајдени на задното седиште на автомобил на влез во државата на граничниот премин Табановце. Македонски државјанин во товарно возило со норвешки регистарски таблички сакал да криумчари четири алуминиумски бандажи и пар фарови за товарно возило, преку граничниот премин Ново Село – соопштија од Царина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот